Квин Дејн мислела дека ќе се омажи за Лендон Боруп, на гламурозна церемонија која чинела 35.000 долари. Свадбата требало да се одржи во хотел со четири ѕвезди, а младоженецот се предомислил неколку дена пред венчавката.
Семејството на невестата одлучило да не ја откаже салата за свадбата и нарачаниот кетеринг. Наместо тоа тие великодушно ги поканиле бездомниците да уживаат во екстравагантната прослава. Мајката на невестата, Кари Дејн била иницијатор на овој хуман гест. Иако нејзината очајна ќерка одлучила да остане дома, Кари се погрижили да ги пречека гостите.
„Тешко ми е поради ќерката, но вака од целата работа ќе произлезе нешто добро.“ изјавила Кари.
Меѓу „поканетите гости “ имало семејства со деца, баби, дедовци и млади луѓе.
Рашад Абдула кој дошол со својата сопруга Ерика и со нивните пет деца изјавил дека оваа храна била вистински благослов.
Храната која првично била подготвена за 120 гости пристигнала од ресторанот на хотел со четири ѕвезди. Во целиот аранжман бил вклучен и меден месец на Белизе, а тоа патување ќе го искористат несудената невеста и нејзината мајка.