Нов земјотрес во Крајстчрч, едно лице загинало, а 45 се повредени

popara14 јуни, 20111min00
6+3+Magnitude+Earthquake+Rocks+Christchurch+YQTc6reoLPSl
Нов земјотрес го погодил новозеландскиот град Крајстчрч, по вчерашниот земјотрес со интензитет од 5,2 степени во кој загинало едно лица, а 45 биле повредени.
Во текот на ноќта повеќе од 20 илјади домови останале без струја, а голем број од жителите ги разбудил земјотрес со јачина од 4,7 степени. “Градот помина една многу тешка ноќ“, рекол градоначалникот Боб Паркер за локална радио станица.
Денес било соопштено дека во вчерашниот потрес загинал еден пензионер во Дом за стари лица, но неговите години, ниту околностите околу смртта не биле прецизирани. Бројот на повредени пораснал на 45, но само две лица биле на болничко лекување.
Училиштата и денес се затворени, жители во делови од градот кои се најмногу оштетени почнале да ги расчистуваат рушевините, а локалната компанија за снабдување со електрична енергија најавила дека струјата ќе биде воспоставена во текот на денот.
Земјотресот во февруари кој го погоди овој новозеландски град имал магнитуда од 6,3 степени и однел 181 човечки живот. Како и тој, така и овој земјотрес имал доста плиток епицентар од само десет километри длабочина.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag