
Хилари Болдвин е инструкторка по јога и сопруга на Алек Болдвин, која со својот режим на исхрана и вежбање му помогнала на славниот актер да изгуби дваесеттина килограми вишок. Таа откри и како го одржува своето тело во топ форма после две бремености.

Хилари е среќна мајка на две деца – двегодишната Кармен и четиримесечниот Рафаел. Оваа 31-годишна инструкторка по јога навикнала редовно да вежба и здраво да се исхранува, па оваа навика ја пренесува и на своето семејство.
„Дојам во секое време од денот и ноќта, па ги прилагодувам обврските според моето синче. Пијам многу вода од кокос бидејќи сфатив дека го поттикнува создавањето на млеко, а после тоа вежбам.
Или практикувам јога или трчам, а некогаш ги правам и двете“, признава Хилариа која во слободно време сака да танцува балет.

„Имаме две кучиња, па Алек ги води на прошетка, со мене некогаш практикува јога, а трчаме и со Кармен, па секогаш сме во движење“, додава инструкторката по јога.
Страствената вегетаријанка во текот на првата бременост и поради советот на докторот, во исхраната вовела јајца и риба, кои ги јаде и ден денес со своето семејство. На менито на нејзиното семејство има и многу свежо овошје, зеленчук и житарки.
„Секогаш појадуваме заедно и тоа нормали работи како овесна каша или јајца. Понекогаш ги јадеме остатоците од вечерата – на пример мешам салата од зелка и квиноја, а обожувам и да подготвувам свежи смутија кои се одличен начин за Кармен да изеде повеќе зеленчук“, вели оваа задоволна мајка.

Хилари Болдвин имала големо влијание врз исхраната на својот сопруг кој го запознала во 2011 година и кој во релативно краток период значително ослабел.
