Облакодерите на иднината ќе бидат “еден град во друг град”

popara25 октомври, 20151min00
7

Замислете дека може да ги посетите пријателите, да пазарите во продавница, да вежбате во теретана и тоа сето тоа да го правите во една иста зграда.

Ова би можело да биде предноста од така наречениот вертикалниот град, урбан дизајнерски концепт наменет за Обединетите Арапски Емирати.

Станува збор за облакодери од 189 ката со дизајн направен од италијанската фирма Luca Curci Architects, во кој би можело да живеат до 25.000 луѓе. До нив би се стигало со хеликоптер или мост.

УНИЦЕФ предвидува дека 75% од глобалното население ќе живее во градови до 2050 година а поради пренатрупаноста вертикалните градови би биле паметен начин за да се вдомат тие луѓе.

Уште од 16 век уметниците замислувале вакви градови, пример за тоа е Вавилонската кула. Во последните децении архитектите сè повеќе размислуваат за облакодерите.

Овој амбициозен проект ќе биде сместен во Персискиот Залив, со соларни панели кои ќе овозможат струја и свежа вода за целата зграда.

– Овој град би имал 20.000 метри квадратни со зелена површина, што на човекот би му дало чувство на поврзаност со природата, иако не е на копно –  вели архитектот Лука.