
Мирното сожителство во куќата На иста Адреса полека но сигурно преминува во атмосфера која би можеле да ја опишеме тензична и напната, според она што денес го видовме, а имено жолчната расправија помеѓу Миа Морина и Илија Петровски. Причините и завршницата на расправијата ќе ги дознаете откако ќе го прегледате видео материјалот во продолжение.
Меѓутоа не е се така црно, бидејќи како што и претходно се шушкаше, имаме и љубов на повидок во куќата. Веруваме дека искрите кои пролетуваа помеѓу Миа Морина и Игор Митровиќ, полека но сигурно преминуваат во страст. Се надеваме дека ќе бидеме сведоци на една убава љубовна приказна која ќе се роди помеѓу двајца музичари, зошто да не?