
Дали некогаш сте се запрашале што би се случило кога вашиот најлош кошмар може да се претвори во реалност?
Наспроти тоа што декомпресијата е исклучително опасна и може да резултира со смртоносен исход, вратите на авионот, во текот на летот, за среќа не можат да се отворат.
„Разликата помеѓу притисокот во кабината и надворешниот притисок чини самото отворање на вратата да биде невозможно, барем кога се работи за човечка сила, наведува за британски „Телеграф“ , Патрик Смит, пилот и автор на книгата „Cockpit Confidential”.
„Замислете ја вратата на авионот како чеп, кој со стегањето го турка притисокот во кабината. Речиси сите врати во авионите се отвораат кон внатре, а на височина од околу 3.000 метри, што е просечна височина на летање, притисокот кој што вратата ја турка кон надворешноста изнесува околу 0.5 килограми по квадратен сантиметар, а тоа значи дека за целата површина на вратата би бил потребен притисок од 2 до 3 тони – објаснува Смит.
Но, што е со пониските височини, на кои што кабинскиот притисок е значајно помал?
„Притисокот од 0.1 килограм по квадратен сантиметар е и понатаму многу повисок од она што било кој човек би можел да го постигне, дури и ако човекот одеднаш испие неколку шолји кафе и доживее налет на адреналин, каков што ни се случува кога сме изложени на смртна опасност – вели Смит.
Тој додава и дека тоа не е се – вратите се дополнително обезбедени со посебен вид на брави.
„Освен тоа, вратите се дополнително обезбедени со механички и електронски брави, така што би ви била потребна хидраулична дигалка за да ги отворите, а безбедносната контрола не дозволува внесување на истите во авион – заклучува Смит.