Родителите се жалеле на фотографиите од учителката Минди Џенсон, критикувајќи ги дека се премногу провокативни. Наредено и било дека фотографиите на Инстаграм не смеат да и бидат јавни или во спротивно ќе ја изгуби работата во средното училиште, во американската држава Јута.
Меѓутоа, Минди смета дека нејзините фотки не се навредливи, провокативни или порнографски, туку дека на децата им служат како инспирација – тоа се главно фотки од тренинг и фитнес натпреварувања.
Учителката најпрво се согласила да ги тргне фотографиите, но потоа, наводно, ја контактирала некоја мајка која и рекла дека фотографиите се многу инспиративни. Минди се предомислила, одлучила да ги остави фотките, а училиштето го повлекло својот ултиматум.
“Зошто да ги тргнам фотографиите кога добив пораки од жени дека им се допаѓаат тие фотки и велат дека се инспиративни? Ако ги наместам овие фотографии да бидат приватни, луѓето кои ме разбираат и на кои им се потребни овие фотографии нема да можат да ги видат”, вели таа.
Погледнете ги фотките, па донесете свој заклучок.