Оваа сестрана убавица која има неколку титули уште еднаш докажа дека има неверојатно чувство за мода и одбирање на најдобра модна комбинација, па така се најде меѓу најстилизираните личности кои присуствуваа на доделувањето на MTV EMA. Моделот, актерка, телевизиска ѕвезда и водителка облекла плишани црни пантолони со висок струк и сако како фрак, од истиот материјал и иста боја. Иако деколтето е во прв план, Руби ги засенила сите присутни со совршената комбинација.
Една од подобрите и попознати кантавторки и актерка Ели Голдинг ги засенила сите присутни со деколтираната црна тоалета која ја следела линијата на нејзиното тело. Сатенската тоалета со шлиц го открила сексапилот кој е неизоставен кога станува збор за Ели Голдинг. Црните сандали со тенки каивчиња се непогрешлив избор.
Хејли е препознатлива по својот уникатен стил и на секоја модна комбинација и` дава личен печат. Манекенката позната и како добра пријателка на Кајли Џенер и поранешна девојка на Џастин Бибер, и тоа како ги воодушевила сите присутни во мини фустанот на кој преовладувала црна боја и цветен дезен. Фустанот навидум открива и повеќе од што би требало, но на неа изгледа феноменално.
Заносната бринета која ја знаеме по улогата на Емили во серијата „Pretty Little Liars” покажа дека деновите кога носеше тинејџерска гардероба се далеку зад неа. Попровокативна од било кога, таа блескаше во долга бела тоалета. Деколтираната тоалета зачинета со дискретни сребрени детали идеално се вклопила со металик сандалите кои се апсолутен хит оваа сезона.
Вики Патисон
Ѕвездата на британското ријалити шоу „Geordie Shore” блескала во долга црна тоалета која ја следела линијата на нејзиното тело. Горниот дел од тоалетата бил со црна чипка која особено го истакнала гламурозниот изглед и го нагласила нејзиниот сексапил.