Маријана има само 30 години, а веќе имала повеќе од 20 естетски операции и денеска изгледа како вистинска барбика.
Во своето тело вложила, вели, еден стан во Белград, бидејќи новото тело досега ја чинело 50.000 евра.
Првата операција, зголемување на градите, ја направила на 20 години.
– Уште кога бев мала, во основно училиште знаев дека ќе правам пластични операции. Не бев задоволна со своите гради, беа мали, и поради тоа се чувствував лошо. Имав психички проблеми, не си се допаѓав и сакав тоа да го сменам што поскоро.
Од 16 години почнав да штедам за силикони. Кога собрав доволно пари, имав 20 години и отидов да ги зголемам градите. Веднаш по операцијата се чувствував супер, бев како нова и се вљубив во себе си, вели Маријана, која до пред неколку години живеела во Неготин, а сега живее во Германија каде што работи како менаџер.
Таа заработува доволно за да може да ги финансира бројните естетски зафати кои воглавно ги изведува во Белград.
– Неколку години подоцна направив две операции на носот бидејќи сакав да биде совршен. Потоа, направив четири липосукции на нозете, струкот и на стомакот.
Потоа, правев вбризгнување на масно ткиво во образите, ја зголемив задницата и ги затегнав очните капаци.
По неколку години од првата операција, повторно ги зголемив градите, бидејќи ми се чинеше дека не се премногу големи, раскажува Маријана.