Кога си премногу добар – луѓето ќе те злоупотребуваат, ќе те искористуваат, ќе те заборават…

popara27 октомври, 20151min00
9

Кога си премногу добар со луѓето, тие подзабораваат на „браво“ или „благодарам“ со мисла дека вие требало да го направите тоа. Кога ве перцепираат како такви паѓаат во заблуда дека тоа е единственото лице кое го имате, а не се свесни дека вие самите сте го одбрале затоа што сте го оцениле како најдобро, она вистинското.

Забораваат дека и вие сте само човек, исто несовршен, исто мрзелив, знаете да бидете среќни, да бидете тажни… сакате внимание исто како и останатите. Ако сте се издигнале скалило погоре, не значи дека утре не можете да направите чекор назад и да се приклучите  во толпата.

Нема благодарност!

Со својата непочит и неблагодарност не ви даваат мотив да дадете повеќе од себе, да жртвувате уште едно слободно попладне или викенд за нив, туку акумулираат бес во вас кој единствено во што може да еруптира е вулкан од незадоволство, отпор и апатија во иднина.

– И станав на бабата од автобус, а таа не ми се насмевна, и позајмив 3.000 денари во најгустото, а не ми кажа благодарам, и кажав дека „ја сакам“, а само премолче, сработив најдобро што знам и умеам, а не добив „браво“, па зошто тогаш нареден пат да бидам бон-тон човек, добар пријател, доабр дечко или добар вработен, која е мојата мотивација да се заморувам со она на кое другите само бледо гледаат, кога на крајот ќе останам во истиот кош со нив?

Мора да постои граница!

Колку добрина е премногу добрина? Мајка Тереза ни бе советувала поинаку, но дали смееме да си дозволиме да бидеме добри до таа граница што ќе станеме лоши за самите себе. Во еден миг на себе давање, другите ќе не прогласат за наивни, а ние на крај ќе останеме во тага и штетни за себе.

Се цедиме до последната капка, секој друг е приоритет пред нас, се залагаме и трудиме во името на тоа да усреќиме некој а на крајот остануваме и истрошени, со солзи во очите и без заслужената почит.

Кога сте премногу добри ќе ви се качат на глава и ќе скокаат на неа како дете на трамболина во цветот на детството и ќе заборават на секое ваше дело а вие секој нареден ден ќе се чувствувате се помали и помали и помали.

Затоа поставете граници, бидете добри за другите, но пред се добри за себе, затоа што на крајот од денот сепак завршувате сами со себе и сите чувства наталожени во вашето срце, кое има прилика да живее само еднаш, да чувства само еднаш, да биде среќно само еднаш!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag