Instagram деновиве ја претстави апликацијата Boomerang која може да направи видео од неколку фотографии. Таа функционира така што со пет фотографии прави кратко видео кое потоа се прикажува наназад, а потоа продолжува да врти во круг, напред и назад.
Според Instagram, овие видеа не се GIF-ови, ниту пак Vine видеа.
Видеото снимено со Boomerang лесно може да се сподели на социјалните мрежи како Facebook или Twitter, а за да ги снимате и споделувате видеата не ви е потребно да стартувате Instagram.
Апликацијата има само две функции за контрола, едната за снимање на видата, а другата за избор со која од камерите да се снима.
Видеото кое трае четири секунди се снима директно во меморијата на телефонот, од каде може да се сподели на социјалните мрежи или пак во порака.
https://vimeo.com/143161189