
Здравјето и убавината се директно поврзани. Доколку во организмот е воспоставена рамнотежа како и хормонален баланс и доколку немаме недостаток на важни минерали и витамини во организмот, тогаш и физичкиот изглед ќе ни биде значајно подобар – велат докторите.
Погрешната комбинација на храна, како и консумирањето намирници кои не ни одговараат, во голема мера го одземаат здравиот и убав изглед. Кожата забрзано старее, се појавува целулит и се формираат локални масни наслаги. Доаѓа и до пореметување на метаболизмот, кој не мора да биде очигледен до 40-те години од нашиот живот.
Токму заради тоа, ви го претставуваме рецептот за леб кој ефикасно го спречува стареењето и кој би требало да ви биде основа на секој појадок.
Потребни состојки:
200 гр брашно од елда
200 гр интегрално пченично брашно
100 гр брашно од ’рж
1 прашок за печиво
малку сода бикарбона
4 лажици маслиново масло
половика лажица ким
1 лажица мелено ленено семе
малку рузмарин
500 мл вода
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки заедно и оставете ги да отстојат преку ноќта со цел да ферментираат. Загрејте ја рерната на 250 степени, смесата истурете ја во соодветен сад за печење претходно обложен со хартија за печење и печете помеѓу 30-60 минути. Времетраењето на печењето зависи од тоа колку е лебот дебел, односно од големината на садот за печење.