
Полицајка во Вашингтон стигнала на интервенција во парк во понеделникот, бидејќи полицијата примила повик за тепачка, пренесе Дејли Мјел.
Кога стигнала на лице место, полицајката ја забележала 17-годишната Алија Тејлор како танцува.
Полицајката тогаш наводно и рекла на тинејџерката дека таа танцува поубаво. По ова, тинејџерката официјално ја предизвикала полицајката на танцувачки двобој.
Многу брзо, на тинејџерката и станало јасно дека полицајката е достоен натпреварувач во танц соочување.
Погледнете и споделете со пријателите:
https://www.youtube.com/watch?v=d11GXUAjUac