На оваа девојка Чолиќ и ја посветил „Она спава“

popara2 ноември, 20151min00
4

Познатиот хит „Она спава“ на Здравко Чолиќ е посветен на Милица Костиќ, која починала пред 41 година од повредите кои ги здобила откако скокнала од 11 кат од Рубиновата кула дамнешната 1974 година, бидејќи сакала да ја спаси својата чест од насилници кои сакале да ја силуваат.

Девојката која била ученичка во средното медицинско училиште во Крушевац и која ја красела одговорност и стравопочит, тогаш на измама едно непознато момче ја довело до станот, наводно за да ја повика неговата девојка. Тоа момче било едно од петмината насилници кои заедно со нив сакал да изврши групно силување.

Момчето на Милица и ги соопштило своите намери и и рекло да се соблече, а таа тоа го одбила и му порачала да ја пушти. Момчето било истрајно и се обидело да и ја соблече облеката, а Костиќ плачела и го молела да ја пушти од себе.

Еден од насилниците на другите им рекол сепак да ја пуштат, со следниот коментар:

– Невина е , не сакам да ја допирам – рекло момчето.

За жал, насилниците не ја пуштиле. Младата девојка на сите можни начини се обидела да ги спречи да не ја силуваат. Плачела, ги молела, но не вредело. Со оглед на тоа што сакала да ја сочува својата чест, се одлучила за бегство. Кога останала сама во собата, скокнала од прозорецот од 11-ти кат.

Била тешко повредена, а потоа била одведена во болница. Инспекторот Добривоје Стефановиќ разговарал малку со Милица во кој девојката му ја кажала целата сторија.

После тоа Милица падна во длабока кома, од која за жал никогаш повеќе не се пробудила.

Пред болницата имало многу народ. Семејството, школските другари, сограѓани – сите чекале да видат дали храбрата девојка ќе се разбуди од кома. За жал се случило најлошото. Во четврток, на 4 септември 1974 година, Милица починала токму на пладне.

Според жителите на тој крај, секоја година во времето кога Милица починала околу 11-тиот кат од зградата облетувале јато бели голуби. Пејачот Здравко Чолиќ својата песна „Она спава“ и ја посветил на Милица.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag