За да го освоите посакуваниот дечко доволни ви се само неколку трикови за заведување кои ќе ве направат сопственичка на неговото срце.
Како да го заведете и уште потешко задржите?
Бидете независни
Мажите сакаат партнерка која не е опседната со љубовниот живот туку нејзиниот спектар на интересирања е широк. Тоа за партнерот би било потврда дека вие сте независна жена која ја цени и знае како да ја искористи сопствената слобода.
Важен фактор за успешна врска е да имате повеќе интересирања кои нема да дозволат заеднички поминатото време да се загуши во монотонија.
Тој е ненаситен за партнерка која е активна на повеќе полиња, која постојано изненадува со креативни идеи и може да се снајде и без партнерот.
Дајте му слобода
Дури две третини од мажите изјавиле дека сакаат само малку време слободно за себе, како и тоа дека се многу благодарни на оние жени кои знаат да го ценат тоа.
Тоа што еднаш неделно тој ќе се гледа со другарите е одлична можност и вие да ги одржувате контактите со пријателките, а по подолга дистанца заедничкото време ќе ви биде поисполнето. Додека сте разделени искористете ја можноста да го заведете!
Бидете со став
Доколку често тој ви сервира дека согласувањето е важен предуслов за успешна врска, но во реалноста го посакуваат токму спротивното. Наместо потврдно да кимнувате со главата на секој негов збор нему повеќе ќе му значи вашиот пробивен и цврст став. Не срамете се да му покажете дека знаете што сакате и не ви е тешко да се изборите тоа да го имате.
Освен што му значи вашето мислење, тој е среќен кога ќе добие некој совет од вас. На пример која кошула да ја облече.