На интернет просторот се појави оваа фотографија која ќе ви го трогне срцето, а која прикажува мисица која се враќа во својот роден град во Тајланд за на најскромен начин да и се заблагодари на жената која ја одгледала.
Носејќи ја на себе светкавата круна, свилен фустан и високи потпетици, 17 годишната Канита Минт Пасаенг, која ја освои титулата Мис на нецензурирани вести во Тајланд минатиот месец, клекна пред својата мајка пред канти за ѓубре за да и се заблагодари за се што направила за неа.
Трогателниот момент ги освои срцата на многумина, бидејќи мајката на Минт, која ја израснала сама, заработува за живот со собирање и рециклирање на ѓубре.
За многу Азијци највисокото ниво на покажување почит е да се клекне пред некој, без оглед на ситуацијата.