Погледнете го ова фантастично издание на прекрасната Алесандра Амбросио во кое таа се појави на AmfAR гала настанот во Лос Анџелес.
Познатата бразилска манекенка носеше скоро проѕирен фустан од црна тантела со потписот на еден од најомилените дизајнери на претставничките на понежниот пол, Зухаир Мурад. Станува збор за креација од неговата есенска couture колекција која што изгледа прилично провокативно и со која на позната манекенката воопшто не и беше тешко да биде во центарот на вниманието.