Спречете инфекции на стапалото

popara3 ноември, 20151min00
1

Постојат неколку едноставни чекори што можете да ги преземете за да си ги заштитите стапалата од инфекција: во јавните соблекувални секогаш носете апостолки или сандали, а по секое миење и сушење на стапалата облечете чисти памучни чорапи. Обувките треба редовно да го проветрувате и кога сте во можност – носете чевли со отворени прсти. Избирајте обувки од природни материјали. Oсобено e важна и редовна хигиена. По бањање во базен, море или под туш, добро измијте ги стапалата со сапун и исушете ги со сува крпа (задолжително избришете го делот помеѓу прстите). Добро измијте ги и рацете, бидејќи габите можат да стасаат до устата и до гениталиите. Доколку сепак ви се појави инфекција, побарајте лекарска помош.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag