Црвена боја
Веќе кажавме дека црвената боја на кармин како крв одговара на дамите со блед тен и црна коса. Но црвената боја не мора да биде толку драматична. Кога сакате да изгледате по суптилно тогаш изберете црвена со син призвук. Меѓутоа, доколку сепак се одлучите за јака црвена боја на кармин, тогаш останатата шминка не треба да биде упадлива. Можете, евентуално да ставите црвен лак за нокти.
Беж усни
Беж, нуд или кармин за усни во бојата на кожата можете да одберете ако имате блед тен и црна коса. Ако имате бледи усни, тогаш додадете и розов сјај за усни. Меѓутоа, кога косата ви е црна, а усните и лицето бледи тогаш се препорачува да ставите руменило и упадлива шминка на очите.
Не се препорачува
На дамите со блед тен и црна коса не им се препорачува јак розов кармин како и кафени нијанси.