
Јужноафриканецот Сибусисо Мтембу тврди дека го посетил рајот дури четири пати. Првата посета наводно се случила во 1998. година. На втората чекал 6 години, а третата и четвртата се случиле во 2006. и 2008. година.
Се` почнало кога во 1993. година го посетил „бел човек“ и му рекол дека му е потребен во рајот. Подоцна сфатил дека тоа бил архангел Гаврило.
Мтембу тврди дека во рајот има 11 нивоа, и дека секое ниво има свој назив.
Во своето прво патување во рајот го посетил 5. ниво, Кристу, каде го запознал Исус Христос. Како што е раскажано, Исус живее во градот Шарома. Главното ниво на рајот се вика Салем и тука е сместен Божјиот храм, раскажал овој Јужноафриканец, додавајќи дека Бог го сретнал на второто патување.
Тврди дека во рајот го сретнал Мојсија и Абел, а наведува дека еден ден во рајот трае како 891 година на Земјата.
Овој човек кој бројни луѓе го нарекле лажго, рекол дека ова искуство многу го здрмало, но сака на сите да им овозможи да видат како рајот изгледа низ неговата мапа.
“Можам само да кажам дека цврсто верувам во Бог, но и дека конечната вистина ќе ја дознаеме дури кога ќе се соединиме со Тие горе.“