Неодамна Анџелина Џоли и Бред Пит беа на промоцијата на нивниот најнов филм „By The Sea“ која се одржа во Њујорк. Во самиот филм глумат двојка која е пред раскинување, но ситуацијата не е таква и во реалноста.
Анџелина е во елегантен шифонски фустан, а Бред во порелаксирана комбинација, но и двајцата се полни со внимание еден кон друг.
Покрај романтичното однесување, уште една работа која не остана незабележана е изгледот на 40-годишната актерка.
Веќе долго време се шпекулира дека Анџелина е на работ, ако не и во теренот познат како анорексија. Таа, секако ги демантира овие шпекулации, но овие фотографии го потврдуваат спротивното.