И тоа се случи: Амал Клуни во третиот месец од бременоста

popara5 ноември, 20151min00
9

Според пишувањата на светските медиуми, Амал, сопругата на Џорџ Клуни е бремена по прв пат.

Холивудскиот заводник Џорџ Клуни наскоро би можел да стане татко. Иако светските медиуми веќе одамна шпекулираат дека Џорџ и неговата сопруга Амал посакуваат наследници, овој пат тие гласини навистина би можеле да бидат точни.

Магазинот „ОК“ пренесува дека 37-годишната британската адвокатка Амал Клуни е бремена 14 недели.

Гласините за нејзината бременост започнале уште на премиерата на филмот „Our Brand is Crisis“. На премиерата Амал не консумирала алкохолни пијалаци. со оглед на тоа дека се плашат од компликации, Амал и Џорџ се уште не сакаат среќната веста да ја споделат во јавност.

Клуни наводно многу внимава на својата сопруга и проверува дали доволно јадела, па дури и нарачува и достава на храна дека доволно јадела. Извор за магазинот открил дека Џорџ едвај чека да добие наследник и се надева дека ќе добие син.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag