Стомачните се дефинитивно најпопуларните но исто така и нај здодевните мускули за вежбање. Популарната “V Ups” вежба за стомачни мускули постигнува најдобри ефекти.
Ако сакате да бидете во добра форма, тогаш ова е вежба за вас. За разлика од обичните стомачни вежби, кај оваа вежба се активира и горниот и долниот дел на стомакот, така што сите стомачни мускули се активни. Вежбањето не е комплицирано, но е доста тешко и исцрпувачки.
Вежбата се прави на следниот начин :
Легнете на грб и испружете ги нозете и рацете. Рацете треба да ви бидат зад вашата глава. Со раширени нозе и раце свиткајте се во колковите и со главата туркајте кон колената. Кога ќе завршите со виткањето,вратете се на почетната позиција и повторете ја постапката.
Ако сакате да го зголеми интензитетот на вежбање, обидете се да ги задржите нозете и рацете со цел да не се допре подот. Вежбата ќе биде уште потешка, но, исто така, ќе донесе уште подобри резултати.