Контроверзниот руски пејач, поранешен член на групата „Ленјинград“, Старс Барецки го запалил своето Бе-Ем-Ве на периферијата на Санкт Петерсбург. Барецки го оставил својот автомобил на едно поле покрај градот, го полил со бензин и го запалил.
Барецки од чантата извадил американски долари со кои го потпалил автомобилот.
Соседите од околните згради повикале пожарникари и потрчале да го изгаснат огнот додека Берецки давал изјава.
Пејачот ова го направил за поддршка на Русија и руската автомобилска индустрија.
https://www.youtube.com/watch?v=tKNAJ3UP_A4