Оцетот се користи за подобрување на целокупниот изглед на косата, а таа од него станува свиленкаста и сјајна.
Го враќа сјајот на косата
Оцетот го враќа сјајот на косата така што ги отстранува остатоците од другите производи за нега на косата. Од него косата станува мазна, а многу експерти тврдат дека е одличен и за мрсна коса. Во зависност од типот на вашата коса, можете да го користите до три пати неделно. За да добиете соодветна мешавина за испирање на косата, измешајте 230мл оцет со 460мл врела вода. Ако сакате, можете да додадете една капка од вашето омилено етерично масло, па со добиената смеса да ја исплакнете косата.
Чистење на четката за коса
Отстранете ги влакната од четката. Направете смеса од оцет и вода, со размер 50:50, додадете една капка од вашето омилено есенцијално масло и потопете ја четката. Оставете ја да преноќи.
Го подобрува здравјето на скалпот
За да го исчистите скалпот, да го подобрите неговото здравје и да се ослободите од перутот, откако ќе се измиете со шампон, ставете на косата мешавина од 120мл оцет и 460мл топла вода. Во мешавината можете да додадете и есенцијално масло од жалфија.