Зошто и беше запален џипот на Сораја Вучелиќ?

popara9 ноември, 20151min00
4

Атрактивната старлета Сораја Вучелиќ, на која што во понеделникот во Подгорица ѝ беше запален џипот, и покрај тоа што истрагата сè уште трае, веќе се вратила во Србија.

Во Белград допатувала наводно поради работен ангажман за рекламен спот за нов квиз а полицијата од Подгорица потврди дека Сораја допатувала во Црна Гора за во затворот Спуж да го посети Милош Чујовиќ (31), хакер и дилер.

Се верува дека палењето на џипот на Сораја било само опомена за неа или некоја нејзина блиска личност, бидејќи ако напаѓачите сакале да ја повредат, би го направиле тоа додека таа била во џипот, а не за време на посетата на нејзината пријателка Манда Поповиќ, во станот на пријателката. Уништениот џип наводно и не бил целосно отплатен.

Досега било заклучено дека пироманите на местото на настанот пристигнале со син “Смарт”.

Додека Сораја била во станот на пријателката, тие му се соближиле на џипот и го запалиле, но не заминале со истиот автомобил бидејќи граѓаните ги забележале и ја известиле полицијата.

Утврдено е и кој е сопственик на возилото кое го возеле напаѓачите, но и дека автомобилот тој го продал, при што новиот купувач сè уште не го префрлил автомобилот на свое име.

Како еден од можните мотиви за палењето на автомобилот, полицијата ја испитува врската на Сораја со Чујовиќ, кој што со помош на интернет измами успеал да заработи милиони евра.

Освен што крадел од сметките на европските банки, се верува дека тој ги измамил и криминалците, поради што тие му отсекле три прсти.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *