Северина и Игор ги одбројуваат деновите до венчавката која медиумите ја нарекоа „свадба на деценијата“, а познатата пејачка откри дека сега и чија венчаница ќе носи.
Таа во една српска емисија открила дека се работи за креаторка со која соработува со години.
Матија Вуица. Бидејќи ја обожавам и мислам дека е најдобра, не само за венчаници туку и за прекрасни вечерни фустани, рекла Северина и потврдила дека и пробите се веќе направени.
Венчавката е закажана за 22 ноември и додека младоженецот таа вечер ќе промени две одела, Северина треба да се пресоблече дури четири пати.
Додека пејачката вели дека припремите одат „добро“, медиумите и понатаму погодуваат за деталите. Се споменува дека парот само за светните аранжмани ќе потроши дури неверојатни 20.000 евра. На свадбата треба да присуствуваат околу 500 гости, а се треба да чуваат голем број на членови на обезбедувањето за фотографиите не се појават предвреме во медуимите.