Полицијата во Италија заплени автомобил Хјунади со вграден механизам кој ги покрива таблиците за време на брзо возење. Во случај камерите да го сликаат автомобилот, таблиците не би се гледале и полицијата не би можела да го пронајде возачот.
Автомобилот е запленет во градот Варесе во петокот, откако патрола го запрела возачот на автопат.