
Есенското време делува неповолно на кожата и особено на усните поради гуеше на влажноста се сушат и пукаат, па се препорачува користење на добар балзам и повремено правење пилинг. Во парфимериите може да најдете производи со назнака peeling или scrub за усни, но може и да го подготвите дома.
Потребни ви се:
• 1 лажица кафен шеќер
• 1 лажица мед
• 1 лажица маслиново масло
Добро измешајте ги состојките и смесата ставете ја чист сад со капаче. Кога ќе го користите направете го следново: на чисти усни нанесете малку од пилингот и со тријте нежно со прстите. Потоа исплакнете ги со млака вода и намачкајте со заштитен балзам. Оваа постапка може да ја правите два пати неделно.