
Деновиве на небото доаѓа спектакуларен „огномет“: меторскот дожд Таурид.
Овој дожд, кој името го добил по соѕвездието Бик (Таурус), ќе биде посебен оваа година, најавуваат астрономите.
Првите денови од ноември првите светлечки топки веќе заблескаа на небото над Полска и Бангкок, а дождот ќе „паѓа“ се до средината на месецот.
Овие метеори се специфични по тоа што се поголеми, побавни, повидливи и поразнобојни од останатите. Голем дел од нив ќе се распаднат во текот на нивното патување, но оние поголемите кои ќе влезат во атмосферата ќе бидат видливи на небото, особено во деловите во кои нема градско осветлување.
Метеорскиот дожд ќе биде највидлив на 12 ноември.