Американскиот турист Спенсер Раили ја однел сопругата на меден месец во Јужноафриканска Република и таму доживеал нешто што ќе го помни цел живот. Меѓутоа, протагонистот на таа приказна не била госпоѓа Раили, туку голема бесна ајкула која буквално сакала да го проголта Спенсер.
Целата драма се случила во градчето Гансбаи кое се наоѓа во близина на Кејп Таун. Спенсер отишол на нуркање и штом од бродот скокнал во море, на него се нафрлила ајкула. За среќа, Американецот скокнал во кафез така што ајкулата се забила во решетките.
Камерата на Раили го забележала овој неверојатен момент.
https://www.youtube.com/watch?v=bx6UOCUKsmQ