
Даниел Крег веќе четири пати го видовме во улогата на Џејмс Бонд. Даниел ја имаше таа чест за да се појави во улогата на Џејмс Бонд во 2006-та година во филмот “Casino Royale”, а потоа продуцентите, но и публиката му покажаа дека имаат доверба во него и во 2008-та година во “Quantum of Solace”, а потоа и во 2013-та година во “Skyfall” и повторно во 2015-та година во “Spectre”.

Инаку во приватниот живот тој е веќе четири години во брак со актерката Рејчел Вајс, која што во реалниот живот ја претставува неприкосновената љубов на убедливиот филмски таен агент.
Пред бракот со Рејчел, Даниел бил оженет со Фиона Лоудон. Првиот негов брак траел две години, од 1992-та до 1994-та година.
И во новото продолжение на оваа филмска франшиза, Бонд крај себе има грст од убави девојки, Наоми Херис, Леа Сејди и Моника Белучи.

Покрај Даниел Крег на филмското платно има многу убавина, но во неговиот приватен живот на полето на убавината и љубовта предност има токму убавата Рејчел. Британската актерка и Оскаровка е клучна причина за многумина да му завидуваат на Крег.
Таа завист ја оправдува титулата секс-симбол која што Даниел со леснотија пак ја носи. Дека тие двајца се вистинскиот избор еден за друг, се знае уште од нивната венчавка, која што беше одржана далеку од очите на јавноста. На свадбената церемонија покрај младите беа само сведоците и нивните деца од претходните врски.