Неодамна објавена студија разви мит дека леваците се понадарени и покреативни од останатите. Всушност, тие сметаат дека нивниот мозок е исцрпен во иста мера како кај недоносените бебиња.
Резултатите од истражувањето не отидоа во корист ниту 10% на оние кои ја користат левата рака, меѓу кои спаѓаат Дејвид Камерон, Барак Обама, Анџелина Џоли, Пол Мекартни и принцот Вилијам.
Професорот Мајк Николс од Аделајдс Флиндерс Универзитетот, кој и самиот е левак, проучувал 5000 деца од пет годишна возраст. Во предвид го земал нивниот успех на училиште, како и мислењето на наставниците за истите, а заклучокот бил генерално дека се полоши од оние кои се служат со десната рака.
Судејќи според меѓународните групи на леваци, особено тие се истакнуваат во тенисот, безболот, пливањето и мечувањето. Нивното мисење е дека тие се поталентирани, поинтелигентни и поимагинативни од деснаците.