Мажот стрелец е огнен и страстен и се освен срамежлив. За него водењето љубов не мора да биде длабоко емотивно искуство. Откријте каков е во креветот според неговиот хороскопски знак и приредете му ја совршената секси задача за него.
СЕКС СО МАЖ ОВЕН
Физички спремен и бестрашен, овенот лесно можете да го возбудите, но и да ја задржи сексуалната издржливост во текот на целата ноќ.
Водени од Марс, тие брзаат кон битката, па тешко дека ќе се сетат на предигра.
За овните возбудата од ловењето е се, па откако ќе ве освои лесно може да му здодеете. За да го задржите хранете го неговото его со комплименти за сексуалната изведба и големината на неговиот пенис.
Задача: Глумете невина, купете бела долна облека и подгответе се да бидете освоени. Дозволете му да помисли дека ве научил некоја нова секс поза, тој сака да биде главен.
СЕКС СО МАЖ БИК
Бикот е бавен и стабилен на површината, но ако ги разбудите најдлабоките желби на бикот ќе откриете дека е полн со изненадувања.
Воден од Венера, тој ја цени убавата храна и со задоволство би вечерал и пиел вино со вас, па предиграта може да трае со часови.
Биковите сакаат едноставен пристап кон сексот, лојални се и грижливи и обожаваат целосно да се опуштат при сексот, па не го уништувајте тоа со премногу зборување.
Задача: Поканете го кај вас на убава храна, а при долгата предигра дозволете му да ве задоволи затоа што токму тоа го возбудува.
СЕКС СО МАЖ БЛИЗНАЦИ
Водени од Меркур, близнаците обожаваат комуникација и сакаат партнери кои бргу ја сфаќаат нивната духовитост. За нив сексот е ментален спорт, подеднакво како и физички.
Дали сакате секс на невообичаени места? Тогаш имате среќа! Ризикот да бидат фатени ја зголемува возбудата на близнаците, па така автомобилот или некоја полјана се задолжителни опции.
Мажите близнаци бргу се заситуваат, па ќе треба да ги заведувате со играње на секс улоги од фантазијата. Колку поавантуристички толку подобро, тројките се омилени.
Задача: Пратете му порака со секси интригантна содржина, а потоа одберете возбудлива локација за да ја добие наградата – вас.
СЕКС СО МАЖ РАК
Водени од месечината. Мажите ракови се најголемите емотивци. Тие носат тврд оклоп затоа што не сакаат да бидат повредени, но ако ги поминете бариерите забавните игри може да започнат.
Тој може да изгледа срамежлив на почетокот, но откако ќе стекне доверба во вас тој ќе биде среќен да оди со текот, па дури и да ве изненади со навистина креативни секс позиции.
Бидете слободни и ослободете ја вашата внатрешна доминантност. Раковите ги ценат силните жени кои знаат што сакаат и ќе се согласат со се што ве прави среќна без разлика колку е перверзно.
Задача: Направете да се чувствува како дома, заведете го во вода, но бидејќи е срамежлив тоа нека биде со чамец на среде езеро и гледајте го во очи за време на сексот.
СЕКС СО МАЖ ЛАВ
Водени од сонцето, мажот лав е огнен и страстен и ако му пристапите на вистинскиот начин може да биде лојален заштитник на љубовта.
Обожава да биде во центарот на вниманието, погалете го по гривата, па ќе ви го покаже стомакот како маче.
Лавовите се отворени за пробување на нови работи и можат да бидат убедливи за да ве натераат да зачекорите на дивата страна, особено ако тоа го прикажува во најдобро светло. Горделиви се по природа, па така сценариото на господар и роб ќе функционира само ако тој е доминантниот.
Задача: Лавовите сакаат да ве гледаат голи, па изведете како доаѓате со капут кај него, а под него немате ништо освен високите потпетици на нозете, потоа имајте секс пред огледало.
СЕКС СО МАЖ ДЕВИЦА
Водени од Меркур, за да одведете маж девица во кревет треба да зборувате многу за тој да го препознае вашиот ум, бидејќи пред се ја ценат менталната конекција.
Тие се чувствителни љубовници и вашето задоволство ќе им биде на прво место. Вашата возбуда го возбудува него, па не бидете срамежливи при кажувањето што сакате.
Мажите девици се многу горди, па така и многу време посветуваат на своите техники за да ве доведат до вашиот најдобар оргазам некогаш. Сака да експериментира, се додека тоа не прави неред во чаршафите.
Задача: Облечете ја најдобрата долна облека и врзете се за креветот, тој ќе сака да ја контролира ситуацијата за да ви донесе ултимативно задоволство.
СЕКС СО МАЖ ВАГА
Водени од Венера, мажите ваги ги возбудува сексуална партнерка која ги цени убавите работи во животот, вклучувајќи го и него се разбира.
Флертувањето ќе ве одведе секаде со овој маж, а особено во кревет.
Иако се нарцисоидни на момент, тие сакаат да ве задоволат, па ќе поминат и часови во предигра за таа цел. Никогаш не глумете со мажот вага, неговото его не може да го поднесе тоа!
Тој сака егзибиционизам, играње улоги и реализирање на фантазиите се додека тој изгледа добро. Не заборавајте да му ласкате!
Задача: Изведете му бурлеска стриптиз со егзотични пердуви и секси долна облека, бидете доминантна и снимајте се, за тој да може да си се восхитува на изведбата подоцна.
СЕКС СО МАЖ СКОРПИЈА
Водени од Марс и Плутон, скорпиите се потентен микс на примитивна страст и темна енергија, комбинација на која е тешко да се одолее.
Мажот скорпија има природно високо либидо и импресивна сексуална издржливост. Обожаваат предигра и сето тоа може да трае цела ноќ, спиењето е за слабите.
Скорпиите се махери за заведување и кога ќе одлучат дека ве сакаат, тие нема да сопрат се додека не бидете негова. Бидете предупредени, скорпијата сака се и ништо не му е премногу перверзно и неиспробано.
Задача: Скорпиите сакаат интрига, па наместо да соблечете се наеднаш, фрлајте едно по едно парче на земјата.
СЕКС СО МАЖ СТРЕЛЕЦ
Мажот стрелец е огнен и страстен и се освен срамежлив. За него водењето љубов не мора да биде длабоко емотивно искуство, туку само уште една голема авантура во животот.
Стрелците сакаат да зборуваат, па тој ќе очекува да му кажете или покажете што ве пали во креветот. Срамежливите игри не треба да се применуваат.
Тие сакаат да експериментираат и да ги туркаат границите. Секој пат спонтани сакаат нови места и нови секс позиции. Не се од оние кои се заљубуваат после една страсна ноќ.
Задача: Изненадете го со брз и див секс кога најмалку очекува.
СЕКС СО МАЖ ЈАРЕЦ
Јарците може да изгледаат срамежливи и конзервативни на почетокот, но кога ќе го запознаете ќе откриете дека е страстен и див љубовник со огромен апетит за секс.
Тој е приземјен и не ви треба ништо егзотично за да го возбудите. Може да биде срамежлив на почетокот и да не преземе иницијатива се додека не се почувствува комфорно. Тоа не значи дека не можете да го убедите на мали експерименти.
Љубовта и сексот одат заедно, па откако ќе се почувствува сигурен во врската ќе ве изненади колку креативен љубовник може да биде.
Задача: Тој мора да се почувствува сакан за да се опушти. Подгответе му топла бања и направете му бавна и сензуална масажа, ќе започне да се релаксира, но и да се возбудува едновремено. За почеток нека биде мисионерската поза.
СЕКС СО МАЖ ВОДОЛИЈА
Иако не се најголемите ѕвезди во сексот, водолиите се љубопитни по природа, па се отворени за сексуални експерименти се додека се сигурни дека им се допаѓате.
Мажот водолија обожава да зборува, па ќе сака да му кажете што ве пали. Не воздржувајте се, колку ви се поневообичаени желбите, толку повозбуден ќе биде. Не се изненадувајте ако после првата ноќ помината заедно го дочекате изгрејсонцето со разговор.
Тој сака чудни сексуални искуства, но од време навреме ќе сака и да се повлече и да помине време сам.
Задача: Подгответе се за телефонски секс. Јавете му се на работа и кажете му што се би сакале да ви прави кога ќе дојде дома.
СЕКС СО МАЖ РИБИ
Водени од Нептун и Јупитер, не е ни чудно што рибите може да се возбудат од раскажување на сексуалните фантазии.
Како воден знак, мажот риби сака работите да бидат променливи и да експериментира со многу секс позиции во текот на истата ноќ. Сексот за него значи забава и креативност, како и создавање на емоционална врска.
Ако се состанувате со маж риби тогаш инвестирајте во пердуви и камшик. Тие сакаат да бидат доминантни до точка на мазохизам.
Задача: Организирајте полноќен состанок на плажа, капете се на полна месечина и гледајте го во очи за време на сексот.