Во текот на изминатата година, видовме илјадници луѓе кои пеш, со само неколку партали со себе и голема желба за подобро утре, ја чекореа својата рута кон западно-европските земји, талкајќи и ризикувајќи ги животите така и по неколку месеци.
Во целата нивна немоќ, постојано слушавме на вестите за случки со измами при што им беа крадени пари на имигрантите, а превозот, храната и лековите им беа наплаќани троструко. Сите бевме свесни како од целата нивна мизерија, граѓаните (и државата), се обидуваа да извлечат некаков профит за себе.
Неодамнешните напади кои се случија во Париз, ги разбудија „револуционерите“ на социјалните мрежи, кои во момент на револт побрзаа да ги споделат нивните ставови и горчина кон најновите случувања, за проблемот со кој се соочува светот веќе години наназад.
Граѓанската војна која и се случува на Сирија е навистина комплицирана тема која е тешко да се разбере, па за многумина останува енигма. Но во секој случај, овие 39 фотографии подолу, ќе ви помогнат да разберете зошто Сиријците бегаат од својата татковина.
Доколку сакате работите да ви бидат уште појасни, тогаш погледнете го и ова трогателно видео. Предупредуваме, содржината е навистина вознемирувачка.
https://www.youtube.com/watch?v=svz0KhFt7rc