
Колку пати ви се случило да останете со големо количество стар полуисушен леб? Се разбира, последно нешто што треба да направите со него е да го фрлите.
Постојат толку рецепти во кои можете да искористите стар леб и да направите вкусно јадење. Денес ви предлагаме данаправите потпечена пица-торта од стар леб.
Потребни состојки:
- кришки стар леб
- домати
- путер или маргарин
- шунка
- кашкавал
- оригано
- јајца
Подготовка:
Намачкајте ги кришките леб со путер или маргарин и наредете ги во кружен калап за торти.


Меѓу секоја кришка леб ставете подебела кришка домат.

Потоа додадете парчиња шунка…

И потоа прелијте со изматеното јајце…

Додадете рендан кашкавал, зачинете со оригано и ставете ги во рерна загреана на 200 степени да се пече додека не се растопи кашкавалот и додека не порумени лебот.

Послужете додека е топло.
