Внимавате на вашата исхрана, но никако да се ослободите од вишокот килограми? Според најновите истражувања, недостатокот на сон не ви помага во остварување на вашата цел.
Кога не спиете доволно во вашето тело започнува зголемено производство на хормони, кои го зголемуваат чувството за глад, а го намалуваат нивото на хормонот лептин, кој го регулира умереното внесување на храна. Оние кои не спијат доволно ја губат скапоцената РЕМ фаза во која се согоруваат најмногу калории. Недостатокот на сон го забавува метаболизмот и го зголемува нивото на кортизол, хормонот за стрес кој ја поттикнува желбата за високо калорична храна. Според тоа, ќе чувствувате потреба за благо, а шеќерот го поттикнува лачењето на серотонин, хормон кој не прави да се чувствуваме смирено и задоволно. Всушност, и високото ниво на кортизол во организмот е прв фактор за настанување на дијабет тип 2.
Затоа, одредете го времето за спиење. За секоја ноќ да имате доволно време убаво да се наспиете, односно околу 7 и пол часа. Легнете во кревет барем еден час порано за да му дадете време на организмот да се смири и да се опушти. Внесувајте калциум и магнезиум, тие се најдобрите средства за полесно да заспиете. Тие минерали го одржуваат нервниот систем и ја намалуваат вознемиреноста. Затоа најдобро е секојдневно да конзумирате 600 милиграми калциум и 400 милиграми магнезиум.
Смирете го желудникот. Доколку секој пат кога ќе легнете чувствувате непријатност во желудникот можеби имате проблем со надуеност и киселини. Тој проблем можете да го решите со конзумирање на лек односно антиацид кој ќе ја врати Ph рамнотежата во вашиот желудник. Избегнувајте кафе и алкохол најмалку два часа пред спиење. И најважно, пијте чај. Кога во прашање е намалување на стресот и вознемиреноста, доколку има решение на природна база, искористете го. Околу еден час пред спиење напијте се чај од валеријана, маточина, нане или пасифлора.