Размислете добро пред да иницирате разделба

popara5 декември, 20151min00
8

Никогаш не е лесно после раскинување на врска (или брак), бидејќи без оглед на причината за разделбата, таа ќе го „преврти наопаку“ светот во кој сте живееле претходно.

Иако некогаш разделбите се можеби и иницирани од наша страна, процесот на надминување на таа врска мора да се случи и помине, вклучувајќи ги и сите болни и непријатни чувства, чиј што интензитет може да варира од поединец до поединец. Според толкувањата на водечката американска организација МХА (Mental Health America), раскинувањата претставуваат загуба не само на врската, туку и на соништата и надежите за иднината. Почетоците на една врска се со висок романтичен набој, а кога таа пропаѓа на сцена стапува разочарувањето, сресот и тагата.

Освен нарушувањето на дневната рутина (особено по развод), постои можност за загуба и на врските со некои заеднички пријатели и роднини од страна на партнерот. Разделбите носат грижа за иднината, дали животот же биде ист, дали ќе имате нов партнер или не. Сите овие лоши мисли понекогаш се доживуваат како полоши од некоја несреќна врска.

Ако веќе сте ја собрале потребната храброст за донесување на одлуката за раскинување, мора да знаете и дека треба да се мотивирате соодветно за да продолжите со нормалниот живот. Исто како и да сте од спротивната страна, каде што пропаста на иднината делува страшно, посоодветно би било да имате добар план и распоред на активности кои ќе ве одржат во форма, со цел да се намалат ефектите од раскинот, кои можат да се јават и подоцна, а не со самиот чин на стопирање на врската. Меѓутоа, искористете ја можноста во ваквите ситуации да го стекнете потребното искуство, да ги надминете тешкотиите и да се изградите во посилна и помудра личност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma