Ова е последната девојка која ќе се слика гола за Плејбој

popara10 декември, 20151min00
3

Последното издание на магазинот „Плејбој“ онаков каков што сме навикнале да го гледаме веќе заминува во минатото а манекенката која ќе ја има таа чест да биде последната разголена убавица на тие легендарни страници е Кристи Герет од Грузија.

Уште во октомври беше најавено дека „Плејбој“ целосно ќе престане да објавува слики од голи манекенки, 60 години откако Мерлин Монро се појавила на насловната страница во провокативно издание.

Сепак, пред магазинот да доживее целосно преобраузвање, ни пристигнува уште еден број, во кој за последен пат ќе се појави додаток со разголени убавици.

– Многу сум горда што се фотографирав за ’Плејбој’. Ова е историја. Тоа што сум последната гола девојка во овој магазин ме прави многу среќна – изјавила манекенката.

Кристи се надева дека овие фотографии ќе имаат добро влијание врз нејзината кариера, а со оглед на тоа дека зборува шест јазици, таа е и една од најобразованите манекенки кои се појавиле на овие страници.

Оваа 25-годишна убавица од Грузија која пораснала во Русија, се надева дека после ова ќе може да се пресели во Лос Анџелес.

Инаку, првата жена која се појавила разголена во додатокот на „Плејбој“ била актерката Маријан Стафорд во 1956 година.

Новиот број на „Плејбој“ наскоро ќе се најде на киосците, а во следниот број се очекува целосна промена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *