
Знае да ве насмее за миг, знае да ви ги насолзи очите за миг… Големата љубов не може да биде спакувана во ниту едно уметничко дело, само може да биде опишувана преку животни приказни.
За љубовта кон партнерот, братот, мајката, прочитајте од овие сведоштва на луѓе!
Најубавата во светот
Мојот дедо има 75 години. Веќе 15 години е слеп од катаракта. Еден ден тој ми рече: „Баба ти е најубавата жена на светот, зарем не?“
Размислив и му одговорив: „Да, штета што не можеш да ја гледаш и да уживаш во таа убавина“.
– Ех мој мали, ја гледам секој ден. Сега гледам повеќе, отколку кога бев млад – заклучил дедото.
Војникот со цвеќињата
Продавам цвеќиња. Доаѓам рано секое утро на работа. Едно утро во 7 часот некој заѕвони. Тоа беше војник. Ми кажа дека оди во Авганистан на една година.
– Секој петок и носам цвеќе на својата сопруга, би сакал да го продолжам тој обичај, не сакам да трпи поради моето заминување во војна – рекол војникот.
Потоа ми нарача 52 букета да се испорачуваат секој петок на истата адреса – канцеларијата на неговата сопруга.
Секако доби голем попуст, затоа што никогаш не сум доживеала нешто толку романтично.
Девојката во кома
Мојата девојка доживеа несреќа и помина 11 месеци во кома. Кога се пробуди, ме бакна и ми рече: „Ти благодарам што беше со мене и ми ги раскажуваше тие прекрасни приказни. Благодарам што не ме напушти и да, ќе се омажам за тебе“.
Братот на сестрата
Работам во болница, хирург сум. Пред некој ден опериравме девојче. И беше неопходна крв од крвна група нулта. Немавме доволно резерви, но нејзиниот брат близнак беше во болницата.
Му објаснив дека е прашање на живот или смрт и дека може да и помогне на сестра си ако и даде крв.
Седеше и молчеше неколку секунди, а потоа отиде да се опрости со родителите. Не сфатив што се случува. Дури кога се врати, седна на болничкиот кревет и праша кога ќе умре, сфатив дека помислил дека ќе му ја земеме сета крв и дека ќе го даде животот за сестра си.
За среќа, операцијата помина добро и двајцата се здрави.
Најдобриот татко на светот
Знам дека мојот татко е најдобар од сите. Секогаш ја смее мајка ми, доаѓа на моите натпревари и се грижи за семејството работејќи како градежен работник.
Едно утро ги барав клештите и на дното во кутијата за алат најдов стар намачкан свиткан лист. Го одмотав и го прочитав.
Тоа беше исечок од дневникот на татко ми, кој го напишал на денот на моето раѓање.
– Имам осумнаесет години, алкохоличар сум, ме избркаа од училиште, бев злоупотребувано дете, се обидов да се убијам, осуден сум за кражба на автомобил. Денес станувам малолетен татко. Се колнам дека ќе се променам поради мојот син. Ќе бидам татко каков што јас немав.
Не знам како успеа, но знам дека успеа!
Најдобрата мајка на светот
Имам осумгодишен син. Пред некој ден притрча кон мене, ме прегрна и изјави дека сум најдобрата мајка на целиот свет.
Се насмеав и го прашав: „Како знаеш дека сум најдобрата на светот? Ниту си го видел целиот свет, ниту си ги запознал сите мајки на светот?“
Само ме прегрна и уште погласно ми кажа: „Сум мајко, затоа што ти си целиот мој свет.“