Српската Православна Црква со орден од Светиот Крал Милутин ги закити фамилијата, сестрата и двата најпознати брата, инаку нарко босови Шариќ, за големиот придонес во изградбата на црквата Св. Георгија во населбата Гуке во Пљевље. Додека Интерпол трага по Дарко Шариќ низ светот, пред се заради “дилање” дрога низ цела Европа, Српската Црква тајно прави бизнис со нарко дилерите. Понесена од филмот “Кум 2” од Копола, и СПЦ е на прагот, можеби неколку сантиметри пред Холивуд. Воено – мафијашките врски на СПЦ се документирани. Да се причека уште некој добар сценарист од ЛА и тоа е тоа. Рамо до рамо со Големата Сицилијанска приказна, ќе се најде и СПЦ. Честитаме однапред!