BMW CS Vintage Concept

popara10 декември, 20151min00
10
BMW е еден од првите примери кој ни паѓа на ум кога станува збор за тоа какви автомобили би сакале да прави баварскиот производител, а какви се всушност тие во реалноста. Настрана сè друго, да се фокусираме на дизајнот. Ретко кој современ BMW автомобил може да ги задоволи критериумите на љубителите на класичниот и прекрасен дизајн, препознатлив кај оригиналната Серија 6, Серија 7, E9 и голем број на други модели од „историските книги“.

https://www.youtube.com/watch?v=1hwfOS06x74

Тука некаде во целата приказна се приклучува Давид Обендорфер, човек кому 3D моделирањето на автомобили му е добро позната област во која се докажа веќе неколку пати, презентирајќи ги своите виртуелни наследници на легендарните модели Renault 4 и Fiat 127. Неговите беспрекорни вештини се очигледни и во најновиот проект што се однесува на BMW модел чиј ретро дизајн во голема мера е инспириран од 2000 CS (E120) од 1965-та година и од E9 од 1968-ма година. Класичните елементи создаваат одлична композиција во комбинација со модерните детали, а како резултат на тоа се добива автомобил кој со задоволство би го очекувале во салоните на BMW.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag