Како да се справите со неверен партнер?

popara11 декември, 20151min00
22

За многу луѓе, неверството во врската изгледа како црно – бела ситуација. Но тоа не е секогаш така како што мислите. Постојат толку различни ситуации колку што има различни парови и многу од нив можат сè да надминат само ако отворено се разговара за тоа. Тоа не мора да доведе повторно до смирување меѓу партнерите, туку едноставно ќе им дозволи да имаат повеќе увид во ситуацијата. Следуваат неколку совети кои психолозите ги нудат како начин да се излезе на крај со измамниците во врските.

Чекор 1: Дали се вредни да им дадете уште една шанса?

Некои партнери кои изневериле, едноставно не заслужуваат да добијат следна шанса. Дури и таа која сте им ја дале дотогаш, им е многу.

Чекор 2: Дајте си простор еден на друг

Вашата прва реакција откако сте разбрале за неверството е да го зграпчите и да не го пуштате од вид. Немојте! Постојат две работи кои треба да ги воспоставите во оваа ситуација: ако нивното однесување и она што го прават не се прифатливи, не заборавајте дека вие имате свое достоинство.

Чекор 3: Средба

Запомнете: ова не е средба на која ќе се облечете најубаво и ќе го ставите најскапиот парфем. Ова е средба на која ќе одлучите дали постои нешто кое би можело да се спаси. Предупредете го партнерот дека на оваа средба вие ќе имате многу прашања на кои чекате одговор. Ако тој не е подготвен да одговори, не инсистирајте. Ако е подготвен, прашувајте. Треба да знаете дека овој момент ќе биде извонредно болен, но многу важен за да ги добиете одговорите кои треба да ги знаете.

Чекор 4: Изградете нова врска

За да дојдете до неа, најпрво поставете ги новите правила: тие би биле важни и специјални само за вас двајца, во кои би требало секој од вас да каже каде и како и каде го поминал денот, да има јавувања во текот на денот, но и испраќање на многубројни смирувачки пораки.

Чекор 5: Бидете подготвени за промена

Сите претходни чекори водат до ваша поголема самодоверба. Но немојте притоа да ги занемарите потребите на партнерот.

И уште нешто: никој не изневерува без причина. Запрашајте се што е тоа што го добил од таа личност, а што не можел да го добие од вас? Каде биле со нејзе/него? Кога двојката е заедно долго време, тешко е да се претставите пред него како некој нов човек. Кој е оној дел од нив кој бил задоволен со другата личност, а не бил задоволен со вас? Каква е всушност таа?

Но, во сите овие тврдења постои и вистина: честопати, во секоја врска постои нешто погрешно поради кое и двајцата партнери треба да се менуваат. Што мислите вие? Зарем проблемите во врската може да се надминат со неверство? Дали оној кој згрешил треба да ја преземе одговорноста само на својот грб?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag