Состојки
За бисквит кора
- 125 г путер
- 1 1/2 шолја брашно
- 1/4 шолја шеќер
- 1 лажица еспресо
- 1/2 мала лажичка сол
За фил
- 1 1/2 шолја брашно
- 2 лажици какао
- 1 мала лажичка сол
- 1/2 мала лажичка прашок за пециво
- 125 г путер
- 115 г темно чоколадо, исечкано
- 2 шолји шеќер
- 1 лажица ванила екстракт
- 3 јајца
Начин на подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Измешајте ги путерот, брашното, шеќерот, еспресото и солта, и месете за да добиете масно тесто. Распоредете го тестото на плех за печење, така што ќе формирате кора, и избоцкајте ја со вилушка. Ставете ја во фрижидер на пет минути за да се стегне. Печете ја кората на долната решетка од рерната околу 30 минути, се додека кората не добие светло кафена боја.
Во среден сад измешајте го брашното со какаото, солта и прашокот за печење. Во голема тава, на слаб оган, растопете го путерот заедно со чоколадото. Тргнете ја тавата од оган и додадете ги шеќерот и ванилата, а потоа измешајте ги и јајцата. Додадете ги сувите состојки (претходно измешаното брашно со какао) и мешајте за да добиете единечна смеса.
Ставете ја смесата над кората и измазнете ја површината. Печете уште 30 минути се додека горниот слој не е сув и малку испукан на краевите, а центарот е се уште малку мек. Оставете го колачот да се олади и исечете го на парчиња.
Вака исечениот колач може да стои затворен на собна температура пет дена.