Што да направите кога не можете да се олесните?

12 декември, 20150
2

Запекот не е најубава тема за зборување, сепак е честа непријатност која сите ја имаат доживеано. Зошто “работите” не излегуваат надвор?

Патување

Кога треба да патувате некаде, последното нешто што ви паѓа на памет е вашиот дигестивен систем. Многу луѓе држат диети кои вклучуваат голема количина на влакна, па кога патуваат јадат храна на која не се навикнати што може да доведе до промени во работата на дигестивниот систем. Најдобро решение е да јадете храна која содржи доволно влакна. Кога менувате локација најдобро е секое утро да јадете житарки кои содржат влакна.

Стрес

Многу често стресот е фактор за тврдата столица. Нервниот систем игра комплексна улога во здравјето на гастронтестиналниот систем. Стресот или недоволното спиење може да влијаат на нервниот систем. Решете го стресот, воедно решете ја и вашата столица.

Физичка активност

Многу често кога луѓето ќе престанат со вежбање имаат проблем со тврдата столица. Промената која му се случува на телото може да влијае на системот во вашето тело и на начинот на кој вашето тело ја преработува храната. Сигуно веќе знаете дека вежбањето е добро заради многу причини, па додадете ја и вашата столица.

Бременост

Иако многу жени имаат проблем со тврдата столица на почетокот на бременоста, некои од нив имаат проблем до самиот крај. За време на бременоста има многу промени во хормоните, исто така бремените жени се поподложни на стрес. Избегнувањето на многу мрсна храна, како пица со многу сирење, или сладолед ќе направи да се чувствувате поудобно и комфорно за време на бременоста.

Лекови за болки

Ако сте имале некаква операција во блиското минато, или редовно примате вакви лекови – можеби тоа е главната причина која предизвикала затвор. Опиумот и другите дроги исто така влијаат на столицата, се разбира негативно. Ако имате ваков проблем, разговарајте со својот лекар кој ќе ви препише лекови што ќе ви помогнат со столицата.

Дехидратација

Водата е од есенцијално значење за оптимално здравје, затоа и се наоѓа на оваа листа! Најинтересниот дел е дека не се работи за нормална хидратација, она што е важно е врската која водата ја создава со важните и хранливи влакна. Ако внесувате доволно влакна, но не и доволно вода, тоа може да води кон тврда столица.

Тироидна жлезда

Проверете дали вашата тироидна жлезда функционира нормално. Понекогаш хипотиродизмот е виновен. Хипотиродизам е состојба каде тироидната жлезда не функционира како што треба – што може да води до проблеми со столицата. Тироидна жлезда која функционира нормално произведува хормони кои се поврзани со многу процеси во вашето тело, вклучувајќи го и дигестивниот систем. Без овие витални хормони, големи се можностите за запек.

Хронична болест

Ако вашиот запек е поврзан со болка, веднаш појдете кај својот лекар. Можеби ќе ви дијагностицираат нарушување во дигестивниот систем, што може да вклучува доминација на дијареа, или запек. Таа состојба може да води до хронични периоди во кои би се пореметил нормалниот циклус за одење во тоалет.

Јадете здраво, пијте многу вода, примајте барем 25 грама влакна (јаболко и зрна, брокула и зеленчук со темни листови).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi