Најдобрата храна што треба да ја јадете пред и по вежбање

12 декември, 20150
3

Без разлика на тоа дали сте страстен вежбач или се занимавате со спорт одвреме на време, веројатно знаете дека вежбањето треба да биде придружено во соодветна исхрана. Но дали некогаш сте се запрашале кои се најдобрите видови храна и што треба да јадете пред да излезете на трчање или што да јадете по напорната јога сесија? Одговорите на овие и уште поврзани прашања ќе ги најдете подолу. 

Што е најсоодветно да јадеме пред вежбање за да постигнеме најдобар ефект?

Пред вежбањето се препорачува внесување на јагленохидрати, со цел да не се чувствувате гладни во текот на вежбањето и да се одржи нивото на шеќер во крвта, што е многу важно за постигнување врвен ефект.

Ако вежбањето треба да трае подолго од еден час, одберете извор на јагленохидрати со ниско гликемиско дејство. Ова опфаќа видови храна како – јаболки, банани, грав или јогурт.

Ако вежбате помалку од еден час, одберете јагленохидрати со повисок гликемиски ефект како –соленки, леб или тестенини, но избегнувајте храна која содржи шеќер, бидејќи таа може да го намали нивото на шеќер во крвта, со што ќе станете истоштени во текот на вежбањето и може да доведе до паѓање на шеќерот во крвта.

Која храна треба да ја избегнуваме пред вежбање?

Избегнувајте големи количества на протеини и високо масна храна. Пред вежбање не јадете      производи како што се –  јајца и сланина, чизбургер и пржени компирчиња, бидејќи може да предизикаат проблеми со шеќерот во крвта, а ова ќе се одрази на квалитетот и ефектот од вежбањето.

Како да ги испланираме оброците пред вежбање?

Интензитетот на вежбањето е тоа од што зависи како вашето тело ќе ги поднесе енергетските материи  што сте ги одбрале. На пример, интензивно пливање бара тричасовно варење на храната во желудникот пред почетокот на пливањето, додека ако изедете двопек, кој содржи голем процент на шеќер, пред трчање на подолга патека со послаб интензитет може да биде важно за постигање најдобар ефект.

Kоја храна е најдобра по вежбање?

Надоместувањето течности е најважното нешто по вежбањето. Постигнување рамнотежа и изедначување на нивото на вода кое сте го изгубиле по вежбањето може да се постигне со пиење вода во текот на вежбањето со тоа што ќе пиете по окулу 300мл течност на секој 15-20 минути. Хидратацијата по вежбањето е подеднакво важна, како и дополнувањето на течностите со хранливи материи, што би било најдобар избор. Ова може да се постигне со пиење овошни сокови ( со висок процент на јгленохидрати, витамини, минерали/електролити). Спортските напитоци може да послужат исто така и овошјата како што се – грозје и јаболка.

Најдобро е да се нахранат мускулите со некои јагленохидратни горива помешани со малку протеини, 15 мин. по вежбањето. Ова  Лупиани вообичаено го препорачува на своите рекретивци,  да изедат закуска со проближно 300 калории. Тоа може да биде путер од бадеми или сендвич со желе, чаша јогурт со половина шоља житарки помешани со суво овошје или житарки со банана и млеко.

Што доколку вежбаме подоцна навечер, треба  ли да се воздржиме од јадење и дали му е потребна храна на нашето тело?

Да речеме дека не ви е погодно време за вечера пред часот за вежбање, или пак знаете дека нема да можете да стигнете дома по часот до доцна. Сепак, калории се калории, без разлика во кое време од денот се внесуваат, па ако сте вежбале подоцна навечер и сакате правилно да закрепнете или едноставно сте гладни – јадете.

Но ако се обидувате да ослабете, внесените калории не смеат да ги надминат согорените, затоа не внесувајте исто толку калории пред или по вежбањето колку што сте согореле во текот на вежбањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi