7 причини зошто треба да пиете топол напиток од ѓумбир

12 декември, 20150
4

Пробајте го овој вкусен топол пијалак од ѓумбир, кој ќе ви помогне да им се спротиставите на врнежливите денови. 

За што се е добар чајот од ѓумбир?

  • Го зајакнува телото и имунитетот
  • Го забрзува опоравувањето кога сте болни
  • Ја смирува мачнината и немирот во желудникот
  • Благопријатно делува на нервниот систем
  • Ја поттикнува работата на цревата, и ја смирува надуеноста
  • Ја поттикнува циркулацијата
  • Ќе ве стопли подобро од кое било ќебенце.

Состојки

  • Парче свеж ѓумбир
  • 1 литар вода
  • неколку лажици мед
  • 1 лимон

Начин на подготовка

Излупете го коренот на ѓумбир и исечкајте на тенки кришки. Ставете го ѓумбирот во сад за варење и прелијте го со вода, а потоа оставете го овој ароматичен корен да се вари на умерена температура барем 15 до 20 минути. Потоа тргнете го од оган, и оставете го отстои барем 5 минути. Исцедете го ѓумбирот од течноста, а потоа засладете со мед по желба, и додадете лимон по желба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *