Ужасот на парализирање во сон објаснет во интересно видео

popara13 декември, 20151min00
000

Замислете си дека бргу заспивате и потоа одеднаш сте будни. Сакате да мрднете, но не можете и имате чувство како некој да ви седи на градите. Сакате да викнете, но не можете да го направите ни тоа! 

Оваа состојба се нарекува парализа при спиење, непријатен и морничав феномен поврзан со нормалната хипотонија која се јавува во РЕМ фазата. Во ова интересно видео Ами Ангеловиц опишува колку сеприсутен, но и безопасен е овој феномен, опишувајќи ги „демоните“ кои се поврзуваат со парализата при спиење низ светот.

Симптоми и карактеристики

Психолошки, парализата при спиење е тесно поврзана со РЕМ атонијата, парализа која што се појавува како природен дел од РЕМ спиењето/фазата. Парализара при спиење се појавува и при спиење и при будна состојба. Кога се случува по заспивањето, лицето останува свесно а телото е исклучено за РЕМ фазата и се нарекува хипнагошка или преддормитална парализа. Кога се случува по будењето, лицето се освестува пред РЕМ циклусот да заврши и тоа се нарекува пост-дормитална. Парализата може да трае од неколку секунди до неколку минути, во текот на кои лицето може да доживее панични симптоми. Како што покажува споредбата со РЕМ фазата, сеуште е можно да се случи мрдањето на очите за време на вакви епизоди. Кога има отсуство од нарколепсија, парализата при спиење се нарекува изолирана парализа при спиење. Парализата може да биде придружена и од страшни халуцинации и привремено чувство на опасност. Парализата е особено застрашувачка поради реалистичноста на таквите халуцинации. Елементот на халуцинација кај парализата при спиење уште повеќе наведува лицето да го интерпретира искуството како сон затоа што замислените или објектите од сонот можат да се појават во собата во нормалниот видик на лицето. Одредени научници сметаат дека оваа состојба е објаснување за вонземските опседнувања и средби со духови. Студијата на Сузан Блекмур (Susan Blackmore) и Маркус Кокс (Marcus Cox) на универзитет во Западна Англија ја поддржува претпоставката дека изјавите за вонземски опседнувања се поврзани со парализа при спиење, а не со привремена мозочна лабилност.

Можни причинители

Неколку студии заклучиле дека речиси сите луѓе доживуваат парализа при спиење најмалку еднаш или двапати во животот. Некои извештаи велат дека одредени фактори ја зголемуваат склоноста кон парализа и халуцинации, како што се:

  • Спиење со лицето нагоре или легнати на плеќи
  • Зголемен стрес
  • Нагли промени на околината или начинот на живот
  • Луциден сон што непосредно се случил пред епизодата.
  • Претерано користење на алкохол и недостаток од соодветно спиење.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag