Сите ние сме свесни дека некогаш сме потрошиле многу време грижејќи се што другите луѓе мислат за нас. За среќа, многу од нас го надминале овој момент и сега удобно се чувствуваат во својата кожа.
Сега знаеме како да препознаеме фејкерка. Тоа се оние девојки кои се преправаат дека те слушаат додека во својата глава си прават планови и размислуваат за своите „проблеми“. Фејк девојките знаат да бидат сурови и кога ти викаат „треба да се дружиме повеќе“, навистина го мислат тоа иронично и го кажуваат речиси навредливо. Тие немаат проблем да трвдат дека се многу фини со тебе, додека истовремено пишуваат порака на телефон. За истренирани очи овие девојки се проѕирни како проѕирниот лак на францускиот маникир, но ако имате проблем да ги препознаете, овие знаци ќе ги издадат.
- Фејк девојките велат „би требало да пиеме нешто“. Вистинските девојки си купуваат пијалак и пијат.
- Фејк девојките се прават недостапни. Вистинските девојки се достапни за тие што им се допаѓаат, и директни со тие што не им се допаѓаат.
- Фејк девојките пишуваат пораки за тоа колку добро си поминуваат вечерва. Вистинските девојки ти се јавуваат наутро и ти раскажуваат што им се случило вчера.
- Фејк девојките се трудат секогаш да изгледаат слатко. Вистинските девојки знаат дека е ОК да изгледаш така како што се чувствуваш.
- Фејк девојките велат дека им е сеедно. На вистинските девојки навистина им е сеедно.
- Фејк девојките те држат за рака. Вистинските девојки би дале рака за тебе.
- Фејк девојките те носат во клубови. Вистинските девојки остануваат со тебе до крај во клубот.
- Фејк девојките се грижат дека нема да ги задоволат сите. Вистинските девојки не се плашат да се задоволат себеси.
- Фејк девојките забораваат на своите манири. Вистинските девојки забораваат на правила.
- Фејк девојките делат лажни насмевки. Вистинските девојки ти ја плескаат вистина во лице.
- Фејк девојките сакаат да трачарат. Вистинските девојките сакаат да ја чујат твојата приказна.
- Фејк девојките прават се за да измамат и да ти допаднат. На вистинските девојки не им требаат трикови.
- Фејк девојките велат „ми недостигааааш.“ Вистинските девојки немаат причина за тоа.
- Фејк девојките ги тагнуваат своите статуси. На вистинските девојки не им е гајле за статусите и таговите.
- Фејк девојките ти даваат премногу комплименти за твојата облека. Вистинските девојки ти дозволуваат да ја позајмиш нивната.
- Фејк девојките излегуваат со агенда. Вистинските девојки те ставаат на врвот на нивната агенда.
- Фејк девојките ќе ти го украдат местото. Вистинските девојки ти го чуваат местото.
- Фејк девојките се однесуваат поинаку пред машки. Вистинските девојки се однесуваат како еден од момците.
- Никогаш вистински не можеш да запознаеш фејк девојка. Вистинската девојка ќе се потруди да те запознае тебе.
- Фејк девојката ќе се смува со твојот дечко. Вистинската девојка ќе се смува со некој дечко.
- фејк девојките не го тргаат погледот од нивниот телефон. Вистинските девојки се јавуваат кога им ѕвониш на телефон.
- Фејк девојките одат на концерти заради пиењето. Вистинските девојки одат заради музиката.
- Фејк девојките живеат на социјалните мрежи. Вистинските девојки си го живеат животот.
- Фејк девојките се однесуваат како да се грижат за работите. Вистинските девојки навистина се грижат и не прават драма од тоа.
- Фејк девојките мислат дека сите ги сакаат. Вистинските девојки знаат дека сигурно има некој што не ги сака, и ОК се со тоа.
- Фејк девојките не му веруваат никому. Вистинските девојки не им веруваат на фејкери.
- Фејк девојките си прават и други планови. Вистинските девојки прават време за да направат планови со тебе.
- Вистинските девојки се грижат за својот изглед. Фејк девојките се трудат да изгледаат како да се грижат.
- Фејк девојките гледаат на вистинските девојки како на конкуренција. Вистинските девојки ги гледаат фејк девојките такви какви што се.
- Фејк девојките немаат чувства. На вистинските девојки навистина им е жал на нив.
- Фејк девојките носат маици од бендови. Вистинските девојки слушаат бендови.
- Фејк девојките ќе се налутат заради статијава. Вистинските девојки ќе ја споделат.