Погледнете ги овие полускапоцени камења, одберете го оној кој најмногу ве привлекува и прочитајте што ќе ви открие за вашата личност.
1. Месечев камен
Вие сте личност која често бара место каде ќе може да се релаксирате и да го слушне својот внатрешен глас. Несигурни сте за многу работи, па затоа сакате да бидете сами и да размислувате за работите кои ве мачат. Ова не значи дека нешто не е во ред со вас и вашиот живот. Едноставно, наместо целото време да го посветувате само на размислување, почнете да преземате акции. Ова значи дека треба да го намалите времето кое го поминувате сами со себе, и да почнете да разговарате со личности кои можат да ви се најдат на патот кон остварување на вашите цели.
2. Зелен малахит
Ако зелениот малахит е каменот кој го привлече вашето внимание, тогаш вие размислувате за огромни промени во вашиот живот. Тргнувајќи од работното место, па се до местото на живеење. Сакате да се ослободите од негативните чувства кои веќе подолго време ве мачат. Ако физичките промени се она што ви е потребно за да се ослободите од психичките проблеми, не чекајте, потрудете се да го реализирате вашиот план. Ова ќе ве направи посилна и самостојна личност.
3. Сончев камен
Вие сте оптимист. Единствено што ви е потребно е сончева светлина и топлина, за да се наполните со енергија и ослободите од стравовите и стресот. Вашиот живот е исполнет со луѓе кои ве сакаат и почитуваат. Животот за вас е песна. Ќе беше одлично ако сите луѓе на светот ги имаа вашите карактеристики.
4. Махагони опсидијан
Премногу ве мачат проблеми кои вие ги сметате за огромни, а во реалноста баш и не се толкави. Опседнати сте со наоѓање на решение, бидејќи сметате дека ако се ослободите од проблемите ќе бидете посреќна личност. Ако мислите дека луѓето кои ве опкружуваат се среќни, бидејќи немаат проблеми, се лажете, тие едноставно решаваат да не ги покажат во јавност. Истото треба да го направите и вие. Разговарајте со некој близок кој ќе ви воочи дека проблемот не е голем и неговата тежина ќе се намали, а во јавност само насмејте се и кажете си дека и вие сте среќна личност како сите останати.
5. Холит
Вие имате силно развиена интуиција, па затоа не плашете се да се потпрете на неа. Нема потреба да размислувате неколку часови за еден проблем: првото решение кое ќе ви дојде на ум е вистинското. Ако имате проблеми со спиењето, знајте дека потекнуваат од нешто што ве мачи, а не сакате да си признаете. Соочете се и запаметете дека никогаш не сте сами во нивното решавање.
6. Јаспис
Време е да ја вратите забавата и хуморот во вашиот живот. Ако сте одбрале овој кристал, тоа значи дека еден тивок глас во вашата глава ви вели „ајде да се забавуваме“. Можеби ве мачат чувства како тага и загриженост, но имајте на ум дека малку забава ќе ја врати насмевката на вашето лице. Дури и најлошата ситуација може да биде подобрена ако внесете малку хумор во животот, вие ќе бидете посреќни, но и луѓето околу вас кои ве сакаат и се грижат за вас.